(Видео) Гори голема нафтена рафинерија во Кувајт, погодена со дрон

Фото: Х видео принтскрин

Кувајтската нафтена корпорација (Kuwait Petroleum Corporation) соопшти дека втора нафтена рафинерија е погодена од дрон, по што избувнал пожар.

Според кувајтската новинска агенција компанијата навела дека дрон погодил една од оперативните единици во рафинеријата „Мина Абдула“ (Mina Abdullah) во јужниот дел на земјата.

Преземени се сите неопходни мерки на претпазливост за да се осигури безбедноста на работниците и да се обезбеди објектот, се додава во соопштението.

Како што беше претходно објавено, пожар изби и во кувајтската рафинерија „Мина ал-Ахмади“ (Mina al-Ahmadi) откако беше погодена од дрон, по што компанијата соопшти дека нема повредени лица. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ