Приведен македонски возач на камион кој усмртил пешак кај Грделица па избегал , но уапсен е кај Сремска Митровица

Фото: МВР

Државјанин на Северна Македонија Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти денеска полицијата во Лесковац.

Пешакот им подлегнал на повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица.

Со наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е приведен до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежниот обвинител со кривична пријава.
Возачот е обвинет за сторени кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на повредено лице во сообраќајна несреќа.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ