Цената на нафтата „Брент“ падна на 94 долари за барел

Фото: Х видео принтскрин

Цената на нафтата „Брент“, по постигнатиот договор за прекин на огнот на Блискиот Исток, денеска се намали за речиси 15 проценти и барел се тргува за 94 долари.

Тоа е значително намалување во однос на 120 долари за барел, но сепак нафтата „Брент“ е речиси 30 отсто поскапа отколку пред почетокот на судирот, кој почна на 28 февруари.

На цената на нафтата влијаеше затворањето на Ормуската Теснина поради што снабдувањето од Блискиот Исток беше сериозно нарушено. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ