Над 10 тони јагнешка кожа од Албанија одбиена на Ќафасан – АХВ со мерки за заштита од чума која ја има во соседството

Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарствцо (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, навремено реагираа и одбија пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ нашава држава.

-Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста Чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија. Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици. Со оваа активност, АХВ уште еднаш ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство, информираат од АХВ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ