Аплауз за Мицкоски од АД „Пошта“ – честитките за Нова Година што пред неколку години ги пратил на родинините им стасале

Фото: Принскриин

АД Пошта со години ја следат скандали, од пожар, кражби, до партиска превработеност, што придонесува до негативен тренд на довербата. Поради тоа денес на промоцијата на 100 нови возила премиерот Христијан Мицкоски беше запрашан кога последен пат пратил писмо преку пошта и за колку време стасало.

-Икрено не можам да се сетам кога беше последен пат. Знам дека беше пред една Нова Година кога испратив новогодишни честитки до моите роднини, рече Мицкоски а на прашањето дали роднините ги добиле честитките и за колку време кажа:

-Не сум ги прашал. Не сум секундант. То беше пред неколку годдини. Честитките стасале бидејќи ми се заблагодарија, рече премиерот низ насмевк, по што доби голем аплауз од вработените во АД „Пошта“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ