„По една и пол година, повторно сум во студиото на ‘јавната’ телевизија. Штотуку сведочевме на последните денови на една пропагандна машинерија. По формирањето на владата на ТИСА, ќе ги суспендираме информативните сервиси на ‘јавните’ медиуми сè додека не се врати нивниот карактер на јавен сервис.“
Ова е твитот на неделниот победник во Парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, напишан кратко по денешното гостување во МР1 – Радио Кошут, дел од јавниот сервис во Унгарија, еден од седумте национални радио канали на државната компанија МТВА.
Гостувањето на Маѓар во јавниот сервис, за прв пат по година и пол, беше главната вест во унгарските медиуми.
„По изборната победа на Тиса во недела, Маѓар влезе во јавниот сервис во среда наутро. Маѓар започна во 7:30 часот наутро на Кошут радио – во овој радиот термин, во кој Виктор Орбан беше гостин таму во петокот – а потоа се појави во преносот во живо на М1 од 8:10 часот. И двата разговора беа многу напнати, Маѓар се жалеше на пропагандата што МТВА ја спроведуваше против нив, а водителите често се жалеа дека се жртви.
„Последниот пат кога бев тука беше пред повеќе од година и пол, на 26 септември 2024 година и беше потребно невидено овластување од повеќе од 3,3 милиони луѓе за повторно да ме пуштат внатре (…) Бидејќи државната партија претрпе невиден пораз… некои се обидуваат да се преправаат дека ова е слободен медиум. Без оглед на тоа, еден од првите чекори по формирањето на владата ќе биде суспендирање на информативната програма на овој пропаганден медиум“– со овие зборови го почна Маѓар своето гостување.
Според него, МТВА „служеше на военото лудило на владата, всадуваваше страв кај децата и старите лица“ и дека за ова мора да има последици. Маѓар рече дека ќе биде потребен нов закон за медиуми и нов медиумски орган, а исто така рече дека владините пропагандни медиуми „имаат пропаганда за која Гебелс или севернокорејскиот лидер би си ги излижале десетте прсти“.
Маѓар додаде дека Владата на Тиса се обврзува да ги исполни четирите услови за пристап до фондовите на ЕУ – враќање на независноста на обвинителството на ЕУ и истражните органи, враќање на независноста и слободата на унгарскиот печат и запирање на нелегалната поддршка на пропагандата. Тој повтори дека владата трошела 600 милијарди форинти годишно за подла, лажна пропаганда. Нивната четврта обврска е да ја вратат академската слобода и да ја вратат автономијата на универзитетот.
Фото: X Magyar Péter







