МВР: Нелегално исечени 19 метри кубни борови и дабови дрвја во делчевско

Фото: МВР

Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево.

-Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице- пилана во с. Бигла, сопственост на В.С. (69) од с. Лески, како и против Г.Г.(65) и М.Г. (69), двајцата од с.Бигла, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ