Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај

Фото: Гугл мап

 Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на платформата Икс објави дека е отворена Ормуската Теснина за комерцијален сообраќај.

Тој наведе дека одлуката за отворање на Ормуска Теснина е донесена во согласност со договорот за десетдневен прекин на огнот помеѓу Израел и Либан. Ормуска Теснина ќе биде отворена сè додека важи примирјето.

– Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормуска Теснина е прогласен за целосно отворен додека трае примирјето, по координирана рута како што веќе е објавено од Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран – објави Арагчи на Икс.

Израел и Либан вчера со посредство на САД договорија десетдневен прекин на огнот, што стапи во сила на полноќ по локално време.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ