Дедо(81) од Крива Паланка возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Фото: МВР

СВР Велес информира дека дедо од Крива Паланка вчера возел во обратна насока на автопатот Скопје-Велес.

-М.А. 81-годишен од Крива Паланка, бил запрен од полицијата вчера попладне откако возел во спротивна насока на автопатот Скопјe-Велес. Во 17:30 часот, М.А. го возел своето возило по автопатот Скопјe – Велес, кога на наплатната рампа „Сопот“ кај Велес, бил запрен од полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, бидејќи возел во спротивна насока по автопатот. ​Како што соопшти попладнево СПБ Велес, при сообраќајна контрола на наплатната рампа „Сопот“, запрено е возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 81-годишниот М.А., каде што е утврдено дека тој вози во спротивна насока на автопатот. По налог на јавен обвинител, тој е спроведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Полициската станица Велес, информираат од СВР Велес.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ