Си ги дале малолетните ќерки за вонбрачен живот и силување -кривична за родители и „зетовци“

Кривична пријава за родители од Делчево, како и за двјца „зетовци“ од струмичко, едните што си ги продале ќерките, а другите за вонбрачен живот со малолетнички.

-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете” по член 197 став 2 од КЗ, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете” по член 197 став 1 и „силување на дете кое не наполнило 15 години” по член 188 став 1 од КЗ и против О.П.(49) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете” по член 197 став 1 од КЗ. О.Л. и Н.Л. како родители дозволиле, во периодот од септември 2023 година нивна малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила и дете, а втората малолетна ќерка од март 2024 да живее во вонбрачна заедница со О.П., информираат од МВР

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ