За 890.000 денари ќе му намалел затвор – Измама на затвореник во Прилеп

Фото: МВР

МВР информира за измама на затвореник во затворот о Прилеп, кој платил за да му се намали казнат.

-На 21.04.2026 во 12:30 часот во ОВР Прилеп, осуденик од Kазнено– поправната установа Затвор Прилеп пријави дека бил измамен од К.К. за сума од 890.000 денари.  Според пријавеното, пред околу два месеци, K.K. го довел во заблуда дека ќе му помогне да му се намали затворската казна, a за возврат од него ги побарал и добил парите во неколку наврати. Но, откако сфатил дека бил измамен, настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ