Потврдите од платените казни од „Безбеден град“ веќе нема потреба да се носат во полициска станица

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица.

-Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, со што ќе го заштедат и своето време и ќе избегнат непотребен метеж.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ