Мицкоски кажа, РКЕ потврди: Дизелот поевтинува, а бензините поскапуваат

Фото: Фрипик

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денари за литар, а на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар – соопшти РКЕ.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,368 ден./кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм.

– Од 28 април од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,50 денари за литар, моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,50 денари за литар, дизелот ќе се продава за 91,50 денар за литар, а Екстра лесното масло за горење за 96,00 денари за литар, велат од РКЕ.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, а оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. 

Новите цени на горивата претходно на прес конференција го кажа премиерот Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ