Утре центарот на Скопје затворен за сообраќај, протест на ССМ

Фото: МВР

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протест.

-Утре (01.05.2026) со почеток во 11.00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С. Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците, ин формираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ