Проблем со керозин нема, имаме резерви за 90 дена и пет нови дестинации, вели Николоски

Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме 5 нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио”.

“Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што прават снабдување од тука. Имаме резерви на керозин за 90 дена, законски е 60 дена, така што немама никаков проблем со снабдување. Дури во услови кога се најавуваат откажување на летови, ние во тек на месец јуни планираме 5 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Аустриа ерлајнс ќе почне да лета Виена до Охрид за прв пат. Визер ќе лета од Охрид до Краков и до Вроцлав и имаме две одлични туристички дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо- Сицилија, другата е Алгеро-Сардинија”, истакна Николоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ