„Душата и била изгорена по смртта на синот“ – Македонка во Италија убиена од сопругот, брат на екс конзулот Витанов

Фото: Фејсбук

Македонката која беше убиена во Пјаченца барала авокат, сакала а се спаси од семејно нсилство. Ова на Фејсбук го сподли адвокатката Катерина Котеска Стисниоска, која напиша дека Милена и се обратила за совет и помош.

-Срцето ми се скрши. Жртвата ,македонка во Пјаченца,Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бришеше пораките ,а јас и оставив телефон да ми се јави кога и да може. На 05.10.2025 година ми пишала дека ќе ме побара во прва можна прилика. Таа прилика никогаш не дојде. Зошто драга Милена,не одлучи да избегаш,да го оставиш, да се спасиш? Душата и била изгорена по смртта на синот кој загинал во сообраќајка,едноставно изгубила желба да се бори. Но, драги жени кои трпите насилство, животот е еден ,а вашите деца претрпуваат трауми кои се ненадоместиви. Насилството ви го уништува здравјето,а траумите на децата нивната иднина. Апелирам до сите жртви кои во моментот трпат насилство ,да се охрабрат,да тргнат да се спасат. Нема оправдување за семејно насилство. Сите сме против семејно насилство, наиша адвокатката.

Како што пренесоа италијанските медиуми Милена Витанова (55) е пронајдена мртва во својот дом со повеќе убодни рани во Пјаченца. Убиец е нејзиниот сопруг Хако Витанов, кој признал на полицијата дека тој е убиец.

Ког стасала полицијата, Итната медицинска помош и пожрникарите вратата била заклучена, па влегле преку балкон. Но, Милена веќе била мртва со повеќе убодни рани.

Убиецот Витанов откако ја убил сопругата заминал на гробишта кај нивниот син Методија, кој пред неколку години загинал во сообраќајка, каде и го уапсиле.

Според домашните медиуми убиецот Хако Витанов е брат на екс конзулот во Италија, Стојан Витанов.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ