О Боже, ѓубре, и тоа запалено!Ова го велат германски туристи, кои додека се возат ја снимаат депонијата Буково која со години е рак рана за околните градови.
Оваа реакција на странските туристи, кои многу сакаме да ги има, е срам за сите власти и одговорни сите овие години, кои ништо не направија со ова депонија.
@dailyexplorer365 WIE SCHLIMM das Müllproblem wirklich ist wissen wir erst durchs Reisen. 😩💔🌍 Unser erster Eindruck von Nord Mazedonien 🇲🇰 #vanlifetravel #savetheworld #rubbish #madworld #realworld ♬ Originalton – Steffi & Max
Мачно е да се гледа видеото, како туристите не доживуваат. Шок за нив, срам за нас, кои никако не успеваме да мрднеме чекор напред.
Охрид е град заштитен од УНЕСКО, нашиот бисер, нашиот најголем туристички центар и е полн со туристи. Но, поради негрижа туристите преку лето ги пречекува смрдеа од Буково, а преку зима да се надишат загаден воздух.
Уште колку треба да се чека таа изградба на региолнална депонија и еднаш засекогаш ѓубриштето во Буково да го снема?
Од Иницијативата „Збогум Буково“ велат дека постојано притискаат овој сериозен проблем да се реши, бидејќи за тоа веќе има пари од кредит. Ама…
-Многу бавно оди изградбата на Регионалната депонија во Новаци. Дури да се изгради, дури да почне да функционира, дотогаш ќе се гушиме во чадови, особено во зимскиот период. Ветија отприлика за три години ќе биде готова, а до тогаш не знам што ќе правиме. Постојано апелираме да се засипува депонијата за да се намали чадењето. Бараме да се изгради собирен центар за да не се носи пластика, мебел и покуќнини, кои многу придонесуваат во чадењето. Барем да се намали внесот на таков материјал, кој е опасен кога гори, вели екологот Ѓоко Зороски, активист во Иницијативата „Збогум Буково“.
Според него депонијата Буково постојано гори во јадрото и тешко дека може да се згасне.
-При горењето се создаваат гасови, па кога ќе дувне ветер ќе го распламти. Охрид е константно загаден и од депонијата и од горењето несоодветни материјали за греење на домаќинствата. Дневно имаме по 200-300 микрограми на метар кубен од тие ПМ честички. Тоа се официјални податоци, се гледа од резултатите на мониторирањето. Загаденоста е особено енормно преку зима, после 18 часот, што од депонијата, што од тоа што Охрид е загушен од градби и од се и сешто што се гори за затоплување. на жителите. Во воздухот има син чад, тоа се гледа, додава Зароски.
Иницијативата „Збогум Буково“, како што вели тој, се труди да помогне во решавање на овој проблем. Тој вели дека имат комуникација со Општина Охрид, но дека и општината зависи од државата.

-Државата треба да ја изгради регионалната депонија бидејќи има добиено кредит за тоа. А Општинта треба да направи собирен центар за разни видови на отпад, градежен шут, покуќнина… Општината треба да направи план за затворање на Буково. Треба се извади гасот од неа кој допринесува за горењето. Многу е битен собирниот центар, барем да се спречи горењето додека да се изгради регионалната депонија. Сето ова е многу важно за цел регион, не е само Охрид во прашање, туку и Струга, Ресен, Битола, Прилеп. Мора да притискаме, бидејќи ако оставиме вака изгледа на никому не му е приоритет, а ние само се труеме. Охрид не е загаден само преку зима, преку лето е полн со туристи, а во утринските часови се чувствува смрдеа од депонијата, која преку реката доаѓа по воздушен пат, вели Зароски.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, пак, е оптимист и вели дека во 2027 година во Охрид ќе биде решен проблемот.

-Првата фаза беше меѓуопштинска соработка на Југозпаден и Пелагониски плански регион, одлуките поминаа на Совет и сега е втората фаза, а тоа е формирање на Регионално јавно претпријатие. Од почетокот на годината од кредитот од Светска банка, заедно со Грандот почнаа да се распрелуваат возилата по општините и би требало да имаме комплетна слика до крајот на годинава. Со отворањето на претоварната станица започнат е и процесот на затворњето на депонијата Буково. Не со затворање во смисла на нефункционалност, туку со менџирање со се она што досега таму низ годините е депонирано, вели Пецаков и додава:
-Во Охрид веќе имаме претоварна станица, а во цел регион постојат такви 11. За многу скоро се наевам дека светлото на крајот од тунелот за овој проект ќе го види денот. Битно е дека работата е откочена, лани се донесе одлука, на почетокот на оваа почна распределба на возила, остана уште формирање на ЈП и изградба на претоварните станици, вели градоначалникот.
В.М.







