Се запалил тоалет во училиште во Тетово, шестмина пренесени во болница, вдишале чад

Во срено училиште во Тетово се запалил тоалетот, а шетмина вдишале чад и се пренесени во болница.

-На 02.06.2026 во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде” во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет. Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти. При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарка помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ