Трагедија! Двајца загинати во тешка сообраќајка помеѓу Битола и Ресен

МВР информира за тешка сообраќајна несреќа, во која загинало момче од Охрид и маж од Германија.

-На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(20) од Охрид и патничко возило „мерцедес” со германски национални ознаки, управувано од П.К.(52) од Сојузна Република Германија. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот П.К., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот П.Н. и неговиот сопатник Д.С.(19) од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај П.Н. лекар констатирал смрт, додека кај Д.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ