По несреќата со жичениот трамвај во Лисабон, во која загинаа 23 луѓе, меѓу кои и туристи, СНН Португалија споделува сводоштва на првите спасувачи.
Мешу нив и Бруно Переира, кој живеел на улицата „Глорија“ 10 години. Тој се вратил во во своето старо маало во средата за да ја види куќата каде што некогаш живеел.
„Забележав дека трамвајот подолу не застана точно таму каде што требаше. Одеднаш се слушна метален тап, гласен шум. Трамвајот скокна од пругата и се приближи на околу два метра на тротоарот на „Авенида да Либердаде“. Тоа беше првото чудно нешто што се случи“, изјави тој за CNN Португалија.
Луѓето во близина се обидоа да им помогнат на патниците да излезат, вели овој сведок, сè уште несвесен што ќе се случи следно.
„Неколку секунди подоцна, се појави другиот трамвај – оној што делува како противтежа – целосно надвор од контрола, удирајќи во ѕидовите. Се слушнаа викотници.Трамајот последен пат удири на кривината „Калсада да Глорија“ и „Руа да Глорија“ и застана со гласен тресок“, вели Бруно Переира.
„Настана паника. Сите трчавме, сите што бевме таму. Некои се обидоа да ги извлечат луѓето од под трамвајот. Каросеријата беше искршена, имаше парчиња од калдрмата насекаде, а металните жлебови, така да се каже, каде што порано работеше лифтот, беа сите испаднати.“
Бруно Переира останал таму некое време, како што рече, „затоа што имаше марокански туристи на кои им требаше некој да им зборува на француски, други на англиски.“
„Имаше и луѓе кои зборуваа португалски. Луѓето не нè пуштаа, нè прегрнаа. Одеднаш, едно момче дојде со кренати раце, барајќи да го земат“, се сеќава тој. Трамвајот доаѓаше со вртоглава брзина, како да е фрлен од „Баиро Алто“. „Доаѓаше како карпа што удира во ѕидовите.“
Херојот од урнатините
Полицаец од криминалистичката единица на Лисабон, со 25 години служба зад себе, беше меѓу првите што пристигнаа на местото на несреќата. Во урнатините затекна маж – германски турист кој не можеше да се спаси. Неговата сопруга беше тешко повредена, но преживеа. Нивниот син, тригодишно дете, беше извлечен жив — благодарение на храброста и човечноста на полицаецот. Детето не се одвојува од него. Детето е повредено, но не сериозно. Сепак, загубата што ја претрпе е неизмерна. Првата ноќ без татко, со мајка во интензивна нега и иднина обвиткана во неизвесност.
Тоа е една од приказните што произлегуваат од трагедија која останува во историјата на Лисабон.
„Во жалост сме, вакво нешто никогаш не се случило во нашиот град“, рече градоначалникот на Лисабон, Карлош Моедаш.
И државата е во жалост, одлучи Владата — еднодневна жалост. Но едно тригодишно дете ќе тагува бесконечно.
„Ова е сцена каква што никогаш порано не сум видела“
Жителите на Лисабон се потресени. Јасмин секојдневно се возеше со лифтот Глорија, и нагоре и надолу. Оваа среда, таа одлучи да пешачи.
„Кога наидов на него, излегувајќи од улицата, пред хотелот, трамвајот веќе беше превртен. Луѓето врескаа. Имаше многу луѓе на земја, веќе мртви. Останав да ѝ помогнам на една жена, за која сакам да знам како е. Тоа е сцена каква што никогаш порано не сум видела. Многу луѓе врескаа, имаше многу крв. Никогаш не сум видела такво нешто“, сподели Јасмин.
Во изјава за CNN Portugal Јасмин вели дека времето на несреќата (18:04 часот) било едно од најпрометните.
„[Лифтот] веројатно бил полн. Со туристи, Португалци…“
Јасмин не можеше да каже дали имало луѓе на тротоарот во времето на несреќата.
„На почетокот, судејќи според погледите на луѓето наоколу, рекоа дека биле само оние внатре [во лифтот].“
Сепак, Тереза д’Аво, друг сведок кој разговараше со CNN Portugal, е сигурна дека имало некој на тротоарот кога лифтот удри во зградата.
„Знам дека имаше барем едно лице. Сигурна сум дека имаше некој на тротоарот кога трамвајот удри во зградата“, вели Тереза.
Тереза ја потврдува верзијата на Бруно периера дека имало проблем со првиот лифт.
„Овој долен лифт (…) беше на крајот од својата рута и се спушти околу пет стапки, и тоа нè предупреди. Овој овде долу беше првиот што ги изгуби сопирачките,се движеше без сопирачки. Само што пристигнуваше овде долу, ги изгуби сопирачките и силно тресна. Беше преполн. Побрзавме да помогнеме.“
„Во моментот кога отидовме да помогнеме, го видовме горниот лифт како се спушта одозгора, без сопирачки. Единственото нешто што можевме да го направиме беше да се свртиме и да почнеме да трчаме кон другата страна на булеварот“, се сеќава сведокот на несреќата.
Филомена не била сведок на несреќата, но живее во близина и е добро запознаена со реалноста на лифтот Глорија.
„Секогаш е преполно, особено во текот на туристичката сезона. Дури можр да се видат луѓе како висат надвор од трамвајот. Срамно е. Толку е преполно, што не можат да го контролираат бројот на луѓе. Понекогаш сум шокирана (…). Слушнав силен тресок, но никогаш не помислив дека е од таму. Потоа, ги видов вестите . Не можам да верувам“, изјави таа за CNN Portugal.
Трагедијата зеде 23 човечки животи и 18 повредени – меѓу повредените има и тригодишно момче, кое е надвор од опасност, но го загуби таткото – кој почина во несреќата.
Вчерашната несреќа е третата голема трагедија што ѝ се случила на Португалија во последните триесетина години.
СНН Португалија









