(Видео) „Првата дама ќе паднеше“ – Кој му го исклучил ескалаторот на Трамп?

Фото: Х видео

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации ја реши мистеријата зад исклучувањето на ескалаторот кога американскиот претседател Доналд Трамп почна да се искачува по него.

Стефан Дизарик рече дека инцидентот веројатно бил предизвикан од снимателот кој го придружувал американскиот претседател, кој ненамерно активирал безбедносен механизам.
Снимателот се качувал по ескалаторот наназад за да го снима пристигнувањето на Трамп со првата дама Меланија Трамп и „можеби ненамерно ја активирал безбедносната функција“ кога стигнал до врвот, изјави портпарол на ОН.


Трамп на шега се осврна на инцидентот за време на својот говор во вторникот во зградата на ОН, велејќи: „Доколку првата дама не беше во добра форма, ќе паднеше“.

Белата куќа изрази загриженост дека некој намерно го запрел ескалаторот.

„Доколку некој во ОН намерно го запрел ескалаторот додека претседателот и првата дама стапнувале по него, треба веднаш да биде отпуштен и да се спроведе истрага“, објави портпаролката.

Керолин Левит од Белата куќа на социјалната мрежа Х по инцидентот.

Сепак, тоа не беше крај на проблемите на Трамп. За време на говорот, неговиот телепромптер, уред за читање на текстот, се расипа, точно во моментот кога требаше да го започне својот говор.
Американскиот претседател рецитираше неколку воведни реченици напамет, но не го криеше своето незадоволство.
„Не ми пречи да го одржам овој говор без телепромптер бидејќи телепромптерот не работи“, рече тој, предизвикувајќи смеа кај толпата.

Тој исто така рече дека добил две работи од ОН.

„Ова се двете работи што ги добив од Обединетите нации: лош ескалатор и лош телепромптер“, рече Трамп, пренесува телеграф.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ