(Видео) Се судрија два авиона на писта Њујорк

Фото: Х видео

Два авиона управувани од подружница на Делта се судрија на пистата на аеродромот “LaGuardia” во Њујорк денес, соопштија локалните пристанишни власти и авиокомпанијата.

Инцидентот во кој учествуваа два авиона на Endeavor Air се случи во 21:58 часот по локално време додека едниот слетувал, а другиот се подготвувал за полетување, според соопштението на Пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси.
Едно лице е однесено во болница откако се здобило со „повреди кои не се опасни по живот“, се додава. Делта пријавила една полесна повреда на стјуардеса.

Сликите споделени од американските медиуми, кои „АФП“ не можеше веднаш да ги потврди, покажуваат оштетување на носот на еден од авионите.

Пристанишната управа изјави дека операциите на “LaGuardia”, еден од најпрометните аеродроми во Соединетите Држави, не биле прекинати, според “NZherald”, аа пренесува независне.ком

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ