Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, Макрон ја прифати

© Soazig de la Moissonniere / Présidence de la République

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати, соопшти Елисејската палата.

Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, пренесува германската агенција .

Како резултат на тоа, се појавија шпекулации за можно повлекување на конзервативците од коалицијата со центристичкиот табор на Макрон, кој нема парламентарно мнозинство.

Лекорну требаше утре да даде владина изјава пред Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание, и да ги открие преостанатите позиции во кабинетот, потсетува ДПА.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ