(Видео) Војна меѓу Трамп и Грета Тунберг! Тој ја нарече „лудa“, таа му возврати со сарказам -„и вие страдате од нив“

Фото: Јутјуб

Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече шведската климатска активистка Грета Тунберг „проблематична и луда“, коментирајќи ја нејзината депортација од Израел заедно со стотици пропалестински активисти.

– Таа е едноставно проблематична. Повеќе не се занимава со животната средина, а сега се впушти во ова? Има проблем со контролата на гневот, мислам дека треба да посети лекар. Млада е, а толку лута, толку луда, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, пренесе Скај њуз.

Тунберг, која по депортацијата слета во Атина со група од 161 активист од речиси 20 земји, брзо му одговори на американскиот претседател.

„Ја ценам загриженоста на Трамп за моето ментално здравје, откако уште еднаш ги сподели своите многу ласкави мислења за мојот карактер“, напиша таа на социјалните мрежи. – Трамп, љубезно би ги примила сите препораки што би можеле да ги имате за решавање на овие таканаречени „проблеми со управување на гневот“, бидејќи, според вашето импресивно искуство, изгледа и вие страдате од нив, додаде Тунберг.

Таа претходно изјави дека „меѓународните системи ги изневериле Палестинците“, откако заедно со други активисти се обиде со флотила бродови да достави хуманитарна помош до Појасот Газа. Израел потврди дека депортирал вкупно 341 активист, меѓу кои и Тунберг.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ