Дали Србија е „на мраз“ кај Трамп? – Лавина шпекулации откако претседателот ја повлече номинацијата на амбасадорот Брнович

Откако Кристофер Хил си замина, Србија од јануари е без американски амбасадор. Во март беше претседателот Доналд Трамп го номинира неговиот личен пријател Марк Брнович, поранешен обвинител во Аризона и Србин по потекло за нов амбасадор. Еден месец поцна на веб-страницата на Конгресот беше објавено дека Комитетот за надворешни работи на Сенатот официјално ја примил номинацијата за потврда. Номинацијата на Брнович не стигна да се разгледува во Сенатот, откако на 2 октомври Трамп ненадејно ја повлече неговата кандидатура за амбасадор во Србија. Некои од дигиталните медиуми пишуваа дека Брнович, всушност ќе биде задолжен за цел Западен Балкан, вклучително и Македонија, во сенка на плановите за штедење на американската администрација. Според други, тоа е резултат на губењето интерес за Трамп за регионот.

Официјално на сајтот на Сенатот пишува дека нема објаснување зошто е повлечена оваа номинација, што предизвика бројни шпекулации.

Во изјава за медиумите, Брнович изјави дека „бирократите на длабоката држава“ не сакале личност со неговата политичка, етичка и религиозна позадина да ја извршува функцијата во Србија, и додаде дека ќе се фокусира на улога на домашен план во Аризона.

„Но, како што процесот се одолговлекуваше, стана јасно дека бирократите на длабоката држава не сакаат никој со политичка, етичка и религиозна позадина како мојата да ги извршува амбасадорските должности во Србија. Кога ќе се земе предвид сè, верувам дека во овој момент најдобриот пат за мене е да бидам блиску до моето семејство и пријателите во Аризона и да најдам можности да играм поважна улога на домашниот фронт “, рече Брнович.

Отпор на албанското лоби?

Според изворот на српски „Телеграф“ од Вашингтон, кој е близок до дипломатските кругови, клучна причина за разрешувањето на Брнович бил отпорот што го започнале во Сенатот лобистите од албанско потекло. Според изворот, тие го искористиле своето влијание за да спречат човек од српско потекло и православна вероисповед да заземе толку важна дипломатска позиција во регионот.

„Албанското лоби е исклучително силно во Сенатот. Тие успеаја да извршат огромен притисок, пред сè врз демократите, и ефикасно го блокираа назначувањето на Брнович. Кога стана очигледно дека номинацијата нема да помине низ Сенатот, Белата куќа одлучи сама да ја повлече неговата кандидатура, со цел да избегне дополнителна политичка штета“, изјавил соговорник на „Телеграф’ од Вашингтон.

Некои тинк-тенкови и аналитичари во Европа го толкуваат повлекувањето како знак на внатрешни несогласувања во американската администрација, особено во однос на надворешната политика кон Балканот. Брнович е познат по конзервативните ставови, што можеби не се вклопуваат во пошироката дипломатска стратегија.

Европскиот портал „Euractiv“ го спомнува случајот во контекст на пошироките дипломатски односи меѓу САД и Западен Балкан, но не дава директна оценка за Брнович. Се наведува дека ваквите промени во номинации може да влијаат на динамиката на американската поддршка за европските интеграции на Србија.

САД без амбасадори во БиХ, Албанија и Косово

САД, покрај за Србија, сè уште не назначиле амбасадори во Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, што би можело да биде најава дека не се задоволни од ситуацијата во регионот во кој инвестирале толку многу, првенствено преку мировните сили и други безбедносни активности. Мандато на амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер е е до ноември, годинава.

Сепак, како што објави српски  „Данас“ од неофицијални извори, една од причините зошто Брнович ја повлекол својата кандидатура била неговото директно и индиректно познавање на владата на Вучич и неговата намера евентуално повторно да се кандидира на изборите за Сенат.

 „Дали некој навистина треба да мисли дека Трамп не може да го постави „несреќниот“ Брнович како амбасадор во една Србија? Таман работа!  Лично, мислам дека Брнович добро се пресметал, дека имал доволно време за тоа и дека некоја друга работа му е покорисна. Можам да претпоставам дека дошол до заклучок дека не може да направи ништо важно тука за својата кариера и за својата земја САД. Фактот дека некој во него гледа „голем Србин“, а не Американец, е друго прашање“, вели Среќко Ѓукиќ, поранешен дипломат, за „Данас“.

Во моментот, Европската комисија, Европскиот парламент и Европската служба за надворешни работи (EEAS) не објавиле официјални ставови или коментари за повлекувањето на номинацијата. Тоа е очекувано, бидејќи станува збор за внатрешна одлука на САД.

Кога една влада не брза да го испрати својот амбасадор во соодветната земја, тогаш тоа е јасна порака дека нешто не е во ред во тие односи и не функционира како што треба, вели Бранко Латиновиќ, поранешен српски амбасадор.

„Во овој случај, повлекувањето на предложениот кандидат за амбасадор во Белград доаѓа само неколку дена по разговорот Рубио-Вучиќ, кој се одржа на барање на Рубио. Очигледно, Рубио не бил задоволен од одговорите и објаснувањата што ги добил од претседателот Вучиќ. Оттука и оваа одлука за повлекување на номинацијата и јасна порака дека ќе се занимава со Србија на ниво на вршител на должноста до понатамошно известување“, вели Латиновиќ, поранешен амбасадор.

Извор: Агенции

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ