Возач на мотоцикл загина на автопатот на островот Крк кога се судрил со автобус, соопшти хрватската полиција.
Како што објави Индекс, починатиот маж патувал на погреб на 21-годишна девојка која загина во судир меѓу автомобил и автобус на речиси истото место само пет дена претходно.
Полицијата спроведе истрага за да ги утврди сите околности на несреќата, а деталите за причината за судирот сè уште се истражуваат, пренесува Б92.




