(Видео) На раб на солзи – Како ја информираа Марија Мачадо дека добила награда за мир

Неколку минути пред целиот свет да дознае кој ја освои Нобеловата награда за мир оваа година, директорот на Нобеловиот институт, Кристијан Берг Харпвикен, седна на бирото и се јави по телефон за да ја извести Марија Корина Мачадо дека таа е наградена за нејзините мировни напори оваа година, пренесува тпортал.хр.

Видеото, кое беше објавено на Х, го прикажува Харпвикен на работ на солзи како ја известува Мачадо дека е добитничка на Нобелова награда.

„О, Боже“, повторува Мачадо одново и одново во својата прва реакција. „Немам зборови. Се надевам дека ќе разберете, ова е движење, ова е достигнување на целото општество. Јас сум само една личност и не го заслужувам ова“, рече Мачадо.
Сепак, раководителот на Нобеловиот институт ѝ рече дека таа навистина ја заслужува наградата.

„Почестена сум и благодарна во име на граѓаните на Венецуела. Сè уште не сме го постигнале она што го сакаме, но работиме напорно за да стигнеме таму. Убедена сум дека ќе успееме. Ова е сигурно најголемото признание за нашиот народ. Ви благодарам многу“, рече Мачадо.
Нобеловата награда за мир за 2025 година ѝ беше доделена на лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо.

Норвешкиот Нобелов комитет изјави дека таа ја добила наградата „за нејзината неуморна работа за промовирање на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведна и мирна транзиција од диктатура во демократија“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ