Во Битола до 15 часот гласале 31,45 проценти од гласачите

Општинската изборна комисија (ОИК) во Битола потврди дека до 15 часот на гласање излегле 24.243 гласачи или 31,45 проценти од електоратот.

Според Единствениот избирачки список, право на глас имаат 77 253 избирачи кои се распределени на 170 гласачки места.

Во текот на вчерашниот ден во Битола гласаа 134 немоќни и болни лица, 86 затвореници во битолскиот затвор и 83 лица сместени во битолските домови за стари лица, информираше Игор Талевски, претседател на ОИК Битола.

На овие локални избори за градоначалник на Општина Битола конкурираат осум кандидати, додека за членови на Советот на Општина Битола конкурираат кандидати од шеснаесет кандидатски листи. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ