Уапсен член на избирачки одбор во Чаир – изборниот процес продолжил без прекин

Фото: МВР

Член на избирачки одбор бил уапсен денеска на избирачко место во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, јавува телевизија Алсат.

Според првичните информации од теренот, апсењето се случило за време на паузата, кога лицето излегло надвор да испуши цигара.

Претседателот на избирачкиот одбор на ова избирачко место изјавил дека во моментот нема официјални информации за причините за приведувањето, но потврдил дека изборниот процес продолжил непречено.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ