„Народите на двете земји секогаш биле еден до друг во тешки времиња“ – Во амбасадата се прославија 102 години од формирање на Република Туркије

Фото: Амбасада на Турција

Во чест на 102-годишнината од формирањето на Република Туркије и 29. Октомври – Денот на Републиката, прием организираше амбасадата на Република Туркије во Скопје. Резиденцијата на турскиот амбсадор , Фатих Улусеј беше полна со гости од јавниот и политичкиот живот во Македонија, како и амбасадори од други држави.

По тој повод  амбасадорот Улусај меѓу другото рече:

-Оваа година, кога славиме 102 години од основањето на нашата Република и 34 години од основањето на нашата пријателска Северна Македонија беше  многу продуктивна година од спкт на нашите билатерални односи. Средбата меѓу премиерот и нашио претседател во Истанбул во фебруари, како и потпишувањето н заедничката политичка декларациј за формирање н Совет за сорботка на високо ниво, ги издигна односите меѓу нашите земји на ниво на стратешко партнерство. Бројните посети на нашата земја на министрите во разни пригоси, од друга страна кон крајот на минатата година посетата на нашето Собрание, изминатите недели посетата на Скопје на нашиот претседтел на Уставниот суд, како и посетите на нашето собрание и разни министерства го крунисаа позитивниот тек на нашите односи, рече тој и додаде:

-Придонесите на нашите компании кои активно работат во земјата кон економијата и вработувањето, обемот на билатерална трговија што се приближува кон една милијарда долари, годишните туристички посети кои надминуваат приближна бројка од 250.000 лица од двете страни, развојот на одбрамбената индустрија, особено испораката на хаубиците „Боран“ и воената соработка на мултуратерални и билатерални платформи е на здоволително ниво. Нашите земји се поврзани и со многу појаки врски. То се народите на двете земји, кои секогаш биле еден до друг во тешки времиња. Нашите народи се поддржуваа едни со други  за време на катасрофалниот земјотрес во нашата земја во 2023 година и кобниот пожар во Кочани во март. Во оваа прилика изразувам сочуство за изгубените животи, се молам за трпение за оние кои ги оставија зад себе и посакувам вакви катастрофи повеќе да не се случат,потенцираше амбасадорот Улусој.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ