„Странскиот мониторинг нè охрабрува во очекувањата за фер и транспарентно судење“, велат родителите на починатите деца од „Пулс“

На самиот почеток на судењето на 35 обвинети физички лица и 3 фирми за пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе, судијката Дијана Груевска Илиевска рече судот дека направи се’ процесот да заврши побрзо и да биде фер. Судијата рече дека за секое непотребно одлагање, ќе следи санкција, а во таа насока сите лекарски уверенија за отсуство ќе бидат строго проверувани  Ова, како и присуството на странски организации, кои вршат мониторинг на целиот процес, се причините што родителите на починатите деца очекуваат фер и транспарентно судење.  

Марија Петрушова, мајка која го изгуби својот син Андреј во пожарот и е дел од Здружението „16-ти Март 2025 Кочани“, на паузата на судењето за Канал 77 изјави дека почетокот им даде доза оптимизам.

-Сметаме дека судењето ќе биде фер и транспарентно, еве гледаме дека самите судии од Кривичниот суд кажаа дека ќе прават се’ да не се одложува, побрзо да заврши и да биде фер. Мора да имаме доверба, а од друга страна и самиот премиер кажа дека судиите мора да си ја извршат работата. Нас не’ охрабрува и мониторингот на странските институции и организации, исто така и на Блупринт организацијата со која има склучено Меморандум со нашето здружение во коешто веќе има 45 семејства од 63 на загинатите, значи две третини, рече Петрушова.

За оваа мајка, која очекува изведување пред правдата на сите кои се виновни за пожарот во која го изгуби синот, ова судење е тест и за целиот систем.

-Сметаме дека ова судење е тест доколку се казнат сите инволвирани. И тие што не се инволвирани, бидејќи ние сметаме дека има и уште кои не се опфатени, но посетепено и тие… ние подеснуваме до соодветни институции барања за сите доколку имаме некои сознанија и докази. Па понатаму ќе видиме дали ќе бидат процесуирани. Треба да биде судењето како што треба, рече Марија Петрушов.

На прашањето дали значи дека се оптимисти дека ќе ја видат правдата, Марија Петрушова одговори:

„Ние веќе за ништо не сме оптимисти, ама барем за идните генерации“, рече Петрушова.

Судењето во моментов е на пауза, додека судот го разгледува барањето на дел од бранителите денеска да се прекине процесот за да може адвокатите кои се назначени по службена должност да имаат време да се запознаат со предметите.

Во судницата во Идризово е наша новинарска екипа, од каде сите новини може да ги прочитате овде.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ