Годинава од СИДА починале 8 луѓе – најмногу заболени во Скопје

Пред 1 декември, Светскиот ден за борба притив СИДА, Инсститутот за јавно здравје (ИЈЗ) ги објави податоците на број на заболени и починати од ХИВ/СИДА. Во текот на изминатите месеци од 2025 година, забележано е намалување на бројот на заболени за 25,5 отсто во однос на лани, но од друга страна има поголема инциденца за разлика од светската и се движи по 2,1 заболени на 100.000 жители (светскиот просек е 5,3 на 100.000).

До 27 ноември, регистрирани се 38 нови случаи, а починале 8 лица.

„Од случаите во 2025 година, најголем дел (n=15) се со место на живеење во Скопје со инциденца од 2,5/100.000 жители. Останатите случаи се регистрираат како спорадични случаи во 14 градови од Македонија. Еден случај во 2025 година е странски државјанин. Во 2025 година, регистрирани се 8 смртни случаи поврзани со СИДА, пишува во извештајот.

По двајца починати има од Скопје, Охрид и Струмица и еден од Приле, додека еден починат е странец. По градови има случаи на ХИВ/СИДА во Скопје, Тетово, Прилеп ,Охрид, Виница, Струга, Кочани, Пробиштип, Гостивар, Велес, Делчево, Куманово, Кичево, Битола и Крива Паланка.

Во извештајот се додава и дека 2025 година, од регистрираните случаи, 37 се од машки пол, еден од женски пол. Возраста на случаите не отстапува значително од возрасната дистрибуција од предходно пријавените случаи. Просечната возраст на новите случаи е 35 години, а е во опсег од 23 до 64 година, 73,7% од случаите се на возраст од 20 до 39 години. Од анализата на пристигнатите пријави, од тие со достапен податок, се забележува дека во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се 5 лица со хетеросексуална трансмисија и 29 лица од МСМ популацијата.

Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ, од 1987 до 2025 (заклучно со 27.11.2025) се регистрирани 726 случаи на ХИВ/СИДА, но во последните години се бележи нагорен тренд, 32% од сите случаи се регистрирани во последните пет години.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ