„Доказите не смеат да се ценат од пристрасноста на народот и неукоста на засегнатите“ – Адвокатката на Деко и Михаил со забелешки

Адвокатката на сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко, и неговиот син Михаил Јованов, во судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс, во кој загинаа 63 лица, а 211 беа повредени, на денешното трето рочиште изнесе низа забелешки за судот, обвинителството, медиумите, јавноста, како и семејствата на загинатите и повредените:

„Би сакала да се осврнам на повредата на начелото на презумција на невиност, лија контонуирана повреда од страна на државните органи и јавните медиуми посебно за овој обвинет имплицираше сериозни психолошки нарушувања, кои што де факто постоеја и беа актуелни по првиот ден случувања на критичниот настан. Сметам дека сите обвинети и сите нивни бранители ќе се сложат со мене дека тоа што законодавецот не предвидел санкција за прекршување на ова начело, односно правото на презумција на невиност, јасно и прецизно во него е предвидено во член 2, став 2 од Законот за кривична постапка, дека постои должност на страна на сите државни органи, на средствата за јавно информирање и на другите субјекти, да го почитуваат ова начело, така што со своите јавни изјави за постапката која што е во тек, не смеат да ги повредат правата на одбраната и на обвинетите, а во случајов сме сведоци на сосема спротивното, на бескрупулозна и груба повреда на ова начело.“ – рече таа.

„Ова од една страна отвора низа прашања во делот на тајноста на истрагата и тајноста на доказите, кои што де факто може да се предадат во рацете на засегнатите странки во истата и можноста на оштетените да се запознаат со нивната содржина, меѓутоа во ниту еден случај овие докази не смеат да се даваат во рацете на јавните медиуми, уште пред да се изведат пред овој суд, во тн. претстојна фаза на доказна постапка, и не смеат да се ценат од пристрасноста на народот, од неукоста на засегнатите, и однапред да носат осуди и да ги огласуваат тука обвинетите за виновни уште пред да бидат огласени.“ – подвлекува адвокатката на Михаил и Дејан Јованов Деко.

Најновите информации за судењето во Пулс можете да ги следите овде.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ