„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ со овој транспарент на кој се прикажани фотографии од сите 63 загинати од трагичниот пожар во дискотеката Пулс семејствата на загинатите ги пречекаа обвинетите и адвокатите пред судницата на денешното четврто рочиште од судењето.
Со овој транспарент семејствата на загинатите ги предводат сите саботни маршеви во Кочани, а денеска пред новинарите токму со него ги запрашаа обвинетите како може да не чувствуваат никаква вина и да се чувствуваат невини при толку загубени животи.
„63 убиени деца, 63 уништени иднини на децата и на нивните семејства. Многу контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Заарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто тие се наоѓаат во судницата? Никој од нив немаше ни грам совест и човечност за да ја признае својата вина. Ни монструмот, ни син му, ни брат му, ни соучесници, дали биле од прв, втор, трет ред, не покажа барем човечност.“ изјави мајката на еден од загинатите.
На денешното четврто рочиште се очекуваат воведните зборови на преостанатите обвинети, кои не се произнесоа во текот на минатото рочиште.
Најновите информации за судењето во Пулс можете да ги следите овде.
(К.М.)





