„Обвинетите се однесуваат како тие да се жртви и како првпат да слушаат дека Пулс постоел“ – родителите со критика

„Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија поврзани со последиците од настанот во кој беа уништени 63 животи и зацрнети 200 семејства. Тие се однесуваат како тие да се оштетени, како тие да не знаат зошто се обвинети, како првпат да слушаат дека дискотеката Пулс постоела. А постоела и работела цели 13 години. Иако правото на одбрана е неприксоновено во секоја правна држава, еднакво е важно јавниот дискурс да биде чувствителен кон жртвите. Ние заедницата кон заедницата која минува низ долготрајна траума, гласот на родителите, семејствата и сите засегнати мора да биде во центарот на вниманието. Ние сме луѓето кои секојдневно се борат со последиците од трагњедијата. Ние имаме легитимно очекувања дека институциите ќе постапат брзо, одговорно и објективно, без пролонгирања кои оставаат впечаток на неажурност и незаинтересираност. Семејствата и грашаните очекуваат пресуда која ќе ја одрази тежината на трагедијата и ќе испрати порака дека животот на секој граѓанин е вредност што мора да биде заштитена. Токму тоа е основата врз која се гради довербата во правниот систем и функционалноста на институциите. Вистината, отчетноста и правдата не смее да останат само формални и одредби на хартија. Тие мора да се манифестираат преку конкретни резултати, одговорни одлуки и целосно исполнување на законските обврски – во интерес на жртвите, нивните семејства и целата јавност.“ – изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова и претседател на здружението на семејствата на загинатите.

Сите информации поврзани со денешното рочиште можете да ги проследите овде.

(К.М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ