Сторија објавена на Канал 77 на Коловска и Јаневска ја доби наградата за најдобар новинарски труд „Илија Жупаноски“

Сторијата „Конти со кинески врски под британски превез ги однесе заштедите на македонските граѓани“ што заеднички ја потпишуваат новинарката на Канал 77, Весна Коловска и Убавка Јаневска од дума.мк, се добитници на наградата „Илија Жупаноски“, што годинава по втор пат се додели на конференцијата е-Општество.мк. Оваа награда ја востанови и ја доделува Фондацијата Метаморфозис и се доделува на новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Се работи за обемно истражување, кое започна лани, еден месец пред избувнувањето на големата афера со пирамидналната измама, која однесе непознат износ на средства на граѓаните од Велес, Штип, Радовиш, Кавадарци, Неготино, но и други градови.

Настаните опфаќаа измама преку дигитални алатки, дезинформации и манипулации кои послужија во измамата. Претставена како игра, поголемиот дел од граѓаните беа во заблуда дека учествуваат во билдање на рејтинг на холивудска филмска продукција, а всушност биле дел од пирамида во која само првите стануваат добитници а останатите ги губат своите пари.

Истражувањето ги однесе новинарите до канали од Словенија до Велика Британија каде Конти имаше објавено дека е нивното седиште, па и до луѓе од Кина, Обединетите Арапски Емирати и на крај вистинските сопственици во Камбоџа кои стоеа зад компанијата.

Прочитајте го изворното истражување објавено кон крајот на 2024 година:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ