Глоби и до 1000 евра – што изгласаа пратениците за примената на камерите од „Безбеден град“?

Според вчера донесените измени на Законот за прекршоци, возење повеќе од довозленото предвидува глоба од 20 па до 400 евра, во зависност од тоа колку е надмината дозволената брзина.

До 10 km/h над лимитот: 20 до 50 евра. Над 10 до 30 km/h над лимитот: од 50 до 150 евра.

Над 30 km/h  во населено место: од 200 до 400 евра и изречена забрана за возење од еден до шест месеци.

Пречекорување на брзината над 50 km/h во населено место или над 70–80 km/h на автопат се смета за тежок прекршок па и кривично дело која предвидува и забрана за управување со моторно возило до една година и висока глоба, а во определени случаи се смета за безобзирно управување во возилото и негово одземање.

Ова може да се третира како тежок прекршок или кривично дело со висока глоба, забрана од 6 до 12 месеци , па до можност за трајно одземање на возилото.

При возење под дејство на алкохол има неколку предвидени случаи и пропишани казни:

Во случај на 0,5–1,0 ‰ алкохол во крвта, глобата е од 200 до 400 евра и забрана од 3 до 6 месеци.

Доколу има над 1,0 ‰ или над 1,5 ‰ алкохол, глоба од 400 до 800 евра и забрана за период од 6–12 месеци. Се предивидува и построго – можен затвор доколку предизвикал несреќа и одземање на возило  – привремено или трајно во зависност од околностите.

Доколку возачот одбие алко-тест, законот предвидел иста казна како и при утврдена висока концентрација на алкохол во крвта.

Со днесените измени, преку камерите од системот „Безбеден град“ казните се автоматски и доаѓаат по пошта на сопственикот. Во случаи на многу голема брзина на пример, можно е трајно одземање на возилото, а по три забрани за управување во одреден период дозволата се одзема трајно. Глоба од сто евра е предвидена за неажурирани податоци при технички преглед – телефон и е-маил.

Високи казни за возење под дејство на дрога

При возење под дејство на дрога и други психоактивни супстанции, законските измени предвидуваат многу строги казни и тоа: Од 500 до 1000 евра, проследено со забрана за управување со возило во период од 12 месеци, па и трајно одземање на возилото.

Доколку се управува возило без возачка дозвола што беше едно од најчестите прекршувања изминатите години, или кога возачот вози со изречена забрана за управување глобата е од 300 до 600 евра, а можна е и подолга забрана, па и затвор при повторување. При користење на мобилен телефон без hands-free,  глоба од 50 до 100 евра; при неправилно преминување на црвено светло од 100 до 300  евра; возење на нерегистрирано возило или без технички преглед од 100 до 300 евра и отстранување од сообраќај; некористење на безбедносен појас на возач и патници од 20 до 50 евра по лице; Утврдено безобзирно управување пропишува апсење, проследено со високи казни, одземање на возило и забрана за возење повеќе години.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ