Наместо до 10 април, земјиште дел од Шенген зоната ќе можат до септември годинава да го применат Европскиот систем за влез/излез (EES). Со одлука на ЕУ, земјите-членки ќе можат делумно да го суспендираат системот за влез/излез од ЕУ за време на летото, кога има зголемен број на патници. Одлуките се донесени поради повремените проблеми што се јавуваат на границите поради застоите од потребата патниците да ги внесат биометриските податоци, како што бараат правилата што се применуваат од октомври лани.
Системот за влез/излез на ЕУ (СВЕ) е имплементиран во земјите од ЕУ (освен Кипар и Ирска), како и во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Овој систем веќе се применува и граничните премини со Грција и Бугарија, кои се дел од Шенген зоната. Бугарија за разлика од Грција, на некои од граничните премини малку подоцна стартуваше со собирањето на биометриските податоци. На границата кај Гевгелија и Стар Дојран ЕЕС системот се применува од почетокот.
Но, и таму евиденцијата зависи од состојбата на граница. Грчките граничари повикуваат на „сликање“ доколку нема преголеми гужви на границата. Иако се работи за брза постапка со сликање на камера и земање на отпечатоци на четирите прсти од десната рака, во пракса често се случува пад на системот и прекин на постапката.
Дигиталниот граничен систем на ЕУ беше лансиран во октомври 2025 година и бара од државјаните на трети земји кои влегуваат во Шенген-зоната дигитално да ги регистрираат своите лични евиденции. Системот, кој го заменува рачното печатирање на пасошите, постепено се воведува на аеродромите и пристаништата во 29 земји, но биометриската технологија се соочува со проблеми во почетната фаза и технички прекини што предизвикаа значителни доцнења за патниците што патуваат со авион, ферибот и Евротунел.
Според EES, оние што патуваат од земји надвор од ЕУ и надвор од Шенген зоната, вклучувајќи ја и Велика Британија, мора да ги регистрираат своите отпечатоци од прсти и слики од лицето првиот пат кога ќе ја преминат границата. Овие податоци се евидентираат во база на податоци низ цела ЕУ која следи кога посетителот влегува и излегува од Шенген зоната и може да ги следи луѓето што остануваат по правилото од 90/180 дена.






