По претходната политика на „одмазднички удари“, Иран ќе премине на „континуирани напади“ врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата, објави оперативната команда на армијата Хатам Ал-Анби.
Хатам ал-Анбија е главната оперативна команда на иранските вооружени сили која ги координира воените операции на редовната армија и Револуционерната гарда. Тоа е штаб кој ги планира и води најголемите воени операции на Иран во воени и кризни ситуации.
„Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД, ционистите и нивните партнери. Секој брод или танкер што плови кон нив ќе биде легитимна цел“, рече портпаролот на командата Ебрахим Золфагари.
„Подгответе се цената на барел нафта да достигне 200 долари бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, додаде тој, пренесува индекс.хр.







