Наместо во затвор се шетале низ Скопје – Уапсени тројца скопјани барани со потерница

Фото: МВР

Вчера лишени од слобода три лица од Скопје барани со потерница за вкупна затворска казна од девет години и шест месеци.

МВР објави детали за псењето:

-На 08.04.2026 во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода К.Ѓ. (68) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 378 став 1 од КЗ.

-На 08.04.2026 во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Г. (62) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 64 став 2 во врска со член 22 од КЗ.

-На 08.04.2026 во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Н.Ј. (44) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 123 став 1 во врска со член 19 од КЗ.

Лицата се спроведени во надлежните казнено поправни установи.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ