АД Пошта со години ја следат скандали, од пожар, кражби, до партиска превработеност, што придонесува до негативен тренд на довербата. Поради тоа денес на промоцијата на 100 нови возила премиерот Христијан Мицкоски беше запрашан кога последен пат пратил писмо преку пошта и за колку време стасало.
-Икрено не можам да се сетам кога беше последен пат. Знам дека беше пред една Нова Година кога испратив новогодишни честитки до моите роднини, рече Мицкоски а на прашањето дали роднините ги добиле честитките и за колку време кажа:
-Не сум ги прашал. Не сум секундант. То беше пред неколку годдини. Честитките стасале бидејќи ми се заблагодарија, рече премиерот низ насмевк, по што доби голем аплауз од вработените во АД „Пошта“.







