Извршувањето на премиерската функција на Радев ќе покаже дека тој не умее – Виктор Канзуров во Стадион

Во денешното издание на емисијата Стадион вклучување од Софија имаше и новинарот Виктор Канзуров, кој за новоизбраниот мандатар за формирање на влада во соседна Бугарија, Румен Радев, рече дека нема да умее да раководи со владата и дека го потсетува на поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, кој според Канзуров, во својот градоначалнички мандат го урнал својот рејтинг и си одзел шансите за повисока општествена функција:

  • Извршувањето на премиерската функција на Радев ќе покаже дека тој не умее со луѓе и дека е делумно промашена инвестиција на тие што цело време му го градат имиџот на политичар.
    Секој човек што има сопруга, мајка, сестра, какво мислење може да има за човек кој кога ќе му дојде претставничка во кабинетот за консултации, конкретно мислам на партијата ГЕРБ, чиј лидер е Бојко Борисов, и ќе каже за Борисов дека се скрил под женскиот фустан, тоа означува дека мажите се некакви повисоки суштества. Како може еден нормален човек да се постави кон такво лице – изјави Канзуров.

Целата емисија можете да ја проследите на линкот:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ