Земале пари да помагаат на лица со попреченост, а не им помагале – Кривична за три лица за злоупотреби при лична асистенција

Поднесена пријава против три лица за злоупотреби при лична асистенција.

-Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Н.Џ. (50), Ѓ.Ј. (57) и Е.Џ. (44), сите од Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, информираат од МВР.

Според пријавата, во текот на 2022, 2023 и 2024 година, пријавените, во својство на лица кои вршат работи од јавен интерес, односно како сертифицирани асистенти за опслужување лица со попреченост од страна на Црвениот крст на Република Северна Македонија, биле ангажирани преку Општинската организација на Црвениот крст – Неготино, со договор за испорака на услуга лична асистенција за Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип. Со намера да се стекнат со противправна имотна корист, тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањата, така што кај седум лица со попреченост – корисници на услугата лична асистенција од подрачјето на Штип, Свети Николе и Кочани нередовно ги извршувале задолжителните услуги согласно неделните и месечните планови. Иако услугите не биле извршувани во целост, пријавените изготвувале месечни извештаи со невистинити податоци за бројот на реализирани работни часови. Таквите планови и извештаи ги доставувале до Црвен крст, Општинска организација Неготино, од каде биле фактурирани до одговорните лица во ЈУМЦСР Штип и Министерството за социјална политика, демографија и млади, велат од МВР и додаваат:

-Со ваквите дејствија, првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 162.120 денари, при што е предизвикана штета од 218.716 денари. Второпријавениот се стекнал со 129.966 денари, а предизвикал штета од 175.775 денари. Третопријавената се стекнала со 15.252 денари, при што предизвикала штета од 20.522 денари. Вкупната штета нанесена на буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади изнесува 415.013 денари, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ