Техеран: Иран допрва ќе ја започне вистинската конфронтација со САД

Фото: МИА

Претседателот на иранскиот парламент (Меџлис), Мохамад Багер Галибаф, предупреди дека Иран „сè уште не ја започнал“ вистинската конфронтација со САД, еден ден по извештаите за инциденти во Ормуска Теснина.

„Добро знаеме дека одржувањето на сегашната состојба во регионот е неподносливо за САД, а ние сè уште не сме започнале“, напиша Галибаф на платформата Икс на персиски јазик.

Тој додаде дека САД и нивните сојузници ја загрозиле безбедноста на пловидбата и енергетските испораки, оценувајќи дека нивното „штетно присуство“ на Блискиот Исток се намалува. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ