Украина изврши воздушни напади врз Москва и Јарослав

Руските системи за противвоздушна одбрана рано утринава одбија напади со дронови над Москва и соседната Јарославска област, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, информираше дека четири дронови насочени кон Москва биле соборени, по што на терен веднаш биле испратени итни служби, без притоа да соопшти повеќе детали.

Во исто време, Јарославската област била подложена на напад од украински беспилотни летала. За да се гарантира безбедноста на граѓаните, привремено е запрен сообраќајот на излезот од Јарославл во правец кон Москва, соопшти гувернерот на областа Михаил Евраев, цитиран од ТАСС. Евраев апелираше до жителите да се воздржат од патувања во тој регион, нагласувајќи дека опасноста сè уште е присутна.

Ова е вторпат неделава Москва и Јарославската област, која се наоѓа североисточно од главниот град, да бидат цел на напади со дронови. Инаку, Русија има клучна енергетска инфраструктура во двата региони. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ