ЦИК Косово: На предвремените парламентарни избори ќе гласаат над два милиони граѓани

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) на денешната седница го потврди избирачкиот список за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јуни.

Според избирачкиот список право на глас имаат 2.092.174 граѓани, што е за 15.884 повеќе во однос на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември минатата година.

Во Косово право на глас имаат 1.959.962 граѓани, додека 132.212 граѓани се регистрирани за гласање во странство. Гласачите ќе можат да гласаат во дипломатските претставништва, но и преку пошта.

Физичкото гласање во дипломатските претставништва ќе се одржи на 6 јуни, додека гласањето по пошта почна вчера. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ