Не наседнувајте на странски броеви за лажни сообраќајки, апелираат од СВР Штип

СВР Штип апелира до граѓаните да не наседнуваат на дојави за лажни сообраќајки.

-Во изминатиов период во СВР Штип има зголемен број на пријави за зголемен број на кривични дела „измама“ и „обид за измама“. Имено, зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда да им исплатат одредена сума на пари. СВР Штип ги известува граѓаните доколку во случај да добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ