Во Србија за само еден ден се случија две тешки трагедии во кои животот го загубија три деца. Две момчиња на возраст од 10 и 11 години се удавиле во реката Јужна Морава кај селото Сталаќ, додека биле во близина на железнички мост. Според првичните информации, ги повлекол силен речен вртлог и не успеале да се спасат.
Истовремено, уште една несреќа се случила кај Велика Плана, каде што во реката Велика Морава се удавило 13-годишно девојче. По интензивна потрага, нејзиното тело било пронајдено од нуркачки тимови на жандармеријата.
Двата настана предизвикаа голема тага и шок во локалните заедници, а надлежните служби ги утврдуваат сите околности под кои дошло до трагедиите.







