Бидете спокојни, сите хируршки сали во клиничкиот центар се во целосна функција

Министерството за здравство информира дека во моментов сите хируршки сали во клиничкиот центар се во целосна функција.

-Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ во моментот се згрижуваат итните пациенти, согласно тековната организација на работата, информираат одд МЗ

Според најновите информации, резервниот (back-up) систем за климатизација функционира непречено и обезбедува соодветни услови за работа и третман на пациентите во клиниките.

-Бројот на хируршки интервенции бележи намалување во летниот период, што е вообичаена појава и не е поврзана со состојбата на системот за климатизација. Апелираме сите информации поврзани со функционирањето на здравствениот систем да бидат претходно проверени, со цел да се избегне создавање непотребна загриженост кај граѓаните, велат од МЗ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ