Партнерите СДС, Левица и ДУИ да се договорат што сакаат и да изградат единствен став. Дали сакаат една изборна единица, дали се за или против гласањето на дијаспората, дали сакаат други услови и барања.ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара на секое прашање важно за политичкиот систем, патот кон ЕУ и пред се иднината на државата и сите граѓани, се неведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа Стефан Андоновски во изјава кажа:
-Денес одржавме средба на работната група за Изборниот законик и сакавме да прашаме дали има унапредување во односот на ставовите. Сакавме дијаспората да се изјаснува, прво беше електронско гласање, потоа го променивме во поштенско гласање и укажавме дека гласањето треба да се регулира во поддзаконски акт, кој ќе биде донесен до крајот на 2028 година. Од опозицијата бевме информирани дека нема промена.Ние понудивме друг модел за да може дијаспората да се изјасни помасовно. Понудивме да седнат партиите од опозицијата и меѓу себе да се договорат за -една изборна единица, поплаки, за модел на финансирање и да седнат да се договорат за модел за изјаснување на дијаспората. Сето тоа што ќе го договорат СДСМ, ДУИ,Левица и други партии од опозицијата ќе го понудат до нас ние тоа ќе го прифатиме. Само да биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно загарантирано право- да гласа на избори, рече Андоновски и додаде дека за ова се сложила целата владејачка коалиција.
Андоновски вели дека им рекле на опозициските партии да се договорат за еден час, да ги свикаат и тие ќе дојдат и ќе го прифатат.
-Се што ќе се договорат и ќе го донесат на маса ние бланко ќе го прифатиме, рече тој.







